Алиби 2010 ДООЕЛ Охрид со седиште на ул.Питу Гули бр.324 во Охрид е основана во 2010 година. Во почетокот нашата фирма претежно работеше со малопродажни дејности со одредени партнери и одреди артикли.
Но со текот на годините со стекнување доверба кај потрошувачите станавме важна алка во однос на продажба и изведување на помали и поголеми објекти во Македонија и Албанија.
Нашата најдобра реклама се сопствениците на објектите кои ги имаме услужено.
Алиби 2010 ДООЕЛ соработува со исклучливо квалитетни партнери, со светски познатите брендови кои воедно ги нудиме на нашата веб страница.
Нашата главна цел, нашите клиенти да бидат услужени со високо квалитетни материјали по најдобри цени.
Увезуваме и вршиме дистрибуција на нашите артикли до вашата сакана цел.